Фото: Kickstarter
Рачниот печатач PrintBrush XDR, којшто дело на PrintDreams компанија од Стокхолм, Шведска, безжично “комуницира“ со паметен телефон и специјална апликација преку Wi – Fi. На апликацијата прво се креира графика во боја и потоа се пренесува на печатачот, којшто може да печати на хартија, дрво, разни ткаенини, картон…
За да се пренесат информации може да се користи и USB кабел, а внатрешната меморија на XDR може да “собере“ и четири фотографии, коишто подоцна можат да се искористат и без телефон (таблет лаптоп).
Корисникот треба само да го “лизга“ уредот по површината, десно – лево или обратно. Благодарение на оптички сензор печатачот ја одредува брзината и насоката на движење со што графиката излегува онака како што треба, дури и ако корисникот прави неправилни движења.
PrintBrush XDR е придвижуван од литиум полимерна батерија со јачина од 11,1 волт, којашто е доволна за околу 4.000 отпечатоци со едно полнење. Печатачот сепак не се препорачува за фотографии, но тимот работи и на таа опција.