Од почетокот на неделата, сопствениците на станови кои се издаваат во Берлин се принудени да ги намалат цените на наемнините доколку се над 20% повисоки од просекот во германската метропола. Во спротивно, ќе се соочат со високи казни.
Околу 85% од граѓаните на Берлин живеат во изнајмени станови, а според проценките, повеќе од 365.000 станови во тој град се издаваат по значително повисока цена.
Намалување на наемнината се однесува на договори склучени во последните шест години кога кириите во Берлин беа неколкукратно зголемени. Од 2014-та до 2019-та година, наемнините кај новите договори во просек се зголемени за 30% во споредба со претходно. Новата мерка не се однесува на станови во згради што се изградени по 2014-та година.
Просечната кирија за стан од околу 60 метри квадратни е околу 850 евра, што е околу една третина од просечната плата, пишува Deutsche Welle.
Фото: Freepik