Природни катастрофи предизвикаа 95 милијарди долари загуби во 2023 година

25

Земјотресите во Турција и Сирија, бури во САД и други природни катастрофи предизвикаа загуби од 95 милијарди долари во 2023 година, процени германскиот реосигурител Munich Re.

Износот на загубите од природни катастрофи покриени со осигурување е за 24 отсто помал од 2022 година, но многу над 10-годишниот просек од 90 милијарди долари. Тоа значително го надмина 30-годишниот просек од 57 милијарди долари, забележува Munich Re.

Swiss Re ја процени минатогодишната загуба покриена со осигурување на 100 милијарди долари.

Според Munich Re, најразорни биле земјотресите во Турција и Сирија во 2023 година, кои однесоа 58 илјади човечки животи и предизвикаа штета од 50 милијарди долари во вкупни загуби. Штетата покриена со осигурување изнесува 5,5 милијарди долари.

Минатата година беше одбележана со силно невреме
Минатата година, сепак, не ја одбележаа поединечни големи катастрофи, туку бројни силни бури во САД и Европа, кои се зголемуваат поради климатските промени, нагласуваат од германската компанија.

„ Загубите кои досега ги сметавме за секундарни и помалку важни „колатерални ризици“ станаа главен извор на загуби“, изјави за Ројтерс главниот научник за клима во Минхен Ре, Ернст Рауч.

Вкупните загуби од природни катастрофи, вклучувајќи ги и оние кои не се покриени со осигурување, беа 250 милијарди долари минатата година, што е блиску до нивото од 2022 година и претходниот петгодишен просек, но над 10-годишниот и 30-годишниот просек.

Повторно беа забележани значителни загуби во САД, и покрај релативно благата сезона на урагани.

Научниците предупредија дека поради затоплувањето на Земјината атмосфера штетите ќе бидат уште поголеми во наредните децении. Затоа, осигурениците почнаа да ги зголемуваат цените на полисите, а во некои области веќе не покриваат евентуална штета.