Природните катастрофи ја стимулираат инфлацијата

58

Природните катастрофи можат да предизвикаат сериозни движења на цените – и нагоре и надолу, се вели во новиот извештај на Гринпис, цитиран од онлајн изданието EUObserver.com.

Организацијата предвидува дека овој инфлациски притисок ќе се зголеми во наредните децении, бидејќи се очекува природните катастрофи да станат почести поради климатските промени.

Зелената група, заедно со Германскиот институт за економски истражувања (DIW) во Берлин и Факултетот за ориентални и африкански студии на Универзитетот во Лондон, испитуваат како се развиваат месечните стапки на инфлација при катастрофи во погодените региони.

Студијата е ограничена на „физичките“ ризици од климатските промени. Така, ефектите на климатската политика врз инфлацијата – како што се цените на јаглеродот – не се предмет на студијата.

Проучени се 227 природни катастрофи низ Европа помеѓу 1996 и 2021 година. Анализата се фокусира на месечните стапки на инфлација во областите погодени од катастрофи.

Податоците покажуваат дека климатските промени и природните катастрофи имаат дестабилизирачки ефект врз економиите низ Европа. Ефектите варираат во зависност од регионот и секторот. На пример, поплавите можат да ги уништат посевите влијаејќи врз регионалната понуда на жито, пченка или други култури, што ќе доведе до повисоки цени на храната.

Катастрофите, исто така, ги уништуваат домовите на луѓето во погодените региони и вршат притисок врз нивните приходи, што може да ги намали цените поради помалата побарувачка од домаќинствата.

Во споредба со директните економски и социјални шокови по катастрофи на животната средина, инфлациските притисоци може да изгледаат како мал или незначителен проблем. Германската влада, на пример, треба да најде околу 30 милијарди евра – околу еден процент од националниот БДП – за да помогне во поплавите во долината на реката Ар.

Климатските промени може да го влошат ова во следните децении. За подобро да процениме што значи ова за поширокото општество, коавторот на студијата Маурисио Варгас за EUobserver рече дека треба да погледнеме кој е одговорен за спречување на влошувањето на климатските промени.