Природните катастрофи осигурителните компании ги чинат 76 милијарди долари

65

Природните катастрофи, како пожарите што опустошија делови од САД и рекордниот број на урагани во Атлантикот, ја чинеа светската осигурителна индустрија 76 милијарди долари во текот на оваа година, соопшти швајцарската осигурителна компанија, Swiss Re.

Тоа е за 40% повеќе во однос на 2019-та година, кога достигна вредност од 54 милијарди долари, пренесува Ројтерс.

Ако на вкупниот износ им се додадат уште седум милијарди долари штета предизвикана од несреќи за чиј виновник е човечки фактор, тогаш вкупните загуби во оваа индустрија ќе бидат 83 милијарди долари, што ја прави оваа година меѓу петте најскапи во изминатите 50 години.

Во Калифорнија, Орегон и Вашингтон, во повеќе од 800 пожари, изгореле околу шест милиони хектари шума уништувајќи илјадници објекти, поради што има милијарда барања за наплата на штета од осигурување.

Се предвидува климатските промени да ја влошат состојбата и да го зголемат бројот на такви настани, бидејќи влажниот воздух и глобалниот раст на температурите создаваат поекстремни временски услови.

Фото: Freepik