Стапката на невработеност во еврозоната е намалена на 6,1 отсто

Стапката на невработеност во еврозоната е намалена на 6,1 отсто во февруари, наспроти 6,5 отсто во истиот месец минатата година, објави денеска Евростат.

Пад е забележан и во однос на јануари годинава, кога стапката на невработеност изнесуваше 6,2 отсто Според податоците на Службата за статистика на ЕУ, во февруари 2025 година невработени се 12,677 милиони луѓе во ЕУ, од кои 10,580 милиони во еврозоната.

Во споредба со јануари, невработеноста е намалена за 131.000 во ЕУ и за 70.000 во еврозоната. Во споредба со февруари 2024 година, невработеноста падна за 643.000 и во ЕУ и во еврозоната.

Во февруари годинава 2,835 милиони млади луѓе (под 25 години) биле невработени во ЕУ, од кои 2,272 милиони се во еврозоната. Стапката на невработеност кај младите е 14,5 отсто во ЕУ, што е намалување од 14,6 отсто во претходниот месец и 14,2 отсто во еврозоната, што е повеќе од 14,1 отсто во претходниот месец.

Стапката на невработеност кај жените беше стабилна на шест проценти во ЕУ во споредба со претходниот месец, а стапката на невработеност кај мажите беше 5,5 проценти, што е намалување од 5,6 проценти еден месец претходно. Во еврозоната стапката на невработеност кај жените е 6,4 отсто, стабилна во однос на претходниот месец, а стапката на невработеност кај мажите е 5,9 отсто, што е за 0,1 отсто помала од минатиот месец.