Природните катастрофи предизвикаа економски загуби од 116 милијарди евра во првата половина од 2025 година

Природните катастрофи предизвикаа економски загуби од околу 116 милијарди евра низ целиот свет во текот на првата половина од 2025 година, објави осигурителната компанија „Свис Ре“.

Во истиот период минатата година, загубите изнесуваа 113,16 милијарди евра, објави францускиот БФМ.

Шумските пожари во Лос Анџелес и силните бури во Соединетите Американски Држави предизвикаа најголем дел од штетата, при што осигурените загуби достигнаа 73,6 милијарди евра, во споредба со 57,04 милијарди евра во првата половина од 2024 година, соопшти компанијата.