Приштина забрани „копање“ криптовалути

106

Косовската влада донесе одлука да го забрани „копањето“ на криптовалути, бидејќи процесот троши големи количества струја.

Косовскиот министер за економија Артане Ризваноли изјави дека заедно со препораките на Техничкиот комитет минатата недела донела одлука за итни мерки за забрана на производство на криптовалути, пренесе „Косово онлајн“.

„Врз основа на препораките, донесов одлука за итни мерки за забрана на производство на криптовалути низ Косово. Институциите за спроведување на законот ќе го прекинат производството на предметната активност со поддршка на сите релевантни институции кои ќе идентификуваат локации за „копање“ на криптовалути“, рече Ризваноли.