Пристигна Android 13, еве што има ново

63

Оваа недела Google го објави Android 13, најновата верзија на нивниот мобилен оперативен систем. Ажурирањето е веќе достапно за поддржаните модели на Google Pixel, додека за мобилни телефони од други производители ќе пристигне подоцна оваа година.

Има многу промени, најмногу козметички. Исто така, постои можност за прилагодување на иконите на апликациите кои не се од Google да одговараат на позадината на почетниот екран, а медиа плеерот автоматски го менува својот изглед во зависност од музиката или подкастот што се слуша во тој момент.

Android 13, исто така, носи голем број подобрувања во приватноста. Апликациите веќе нема да имаат пристап до целата медиумска библиотека на корисникот и способност да испраќаат известувања по „дефолт“, а историјата на копираниот текст автоматски ќе се отстранува по одредено време, особено ако се работи за некои чувствителни податоци како е-пошта, телефонски броеви, и слично.

Има поддршка и за просторно аудио со следење на главата (Spatial Audio), што би требало значително да го подобри искуството при слушање музика. Покрај тоа, Bluetooth Low Energy Audio е исто така поддржан за подобар квалитет на звук при помала „битрејт“ и намалена латентност.

Јазиците ќе може да се менуваат во зависност од апликацијата, а режимот „Bedtime“ е освежен.

Таблетите добија ажурирана лента со алатки која го подобрува мултитаскингот и сега ја имаат таканаречената „palm rejection support“, благодарение на која повеќе нема да има случајни допири со рака при користење на пенкалото.

Дополнително, апликациите за камера од трети страни ќе можат да снимаат HDR видеа, а наскоро ќе може да се копираат содржини како што се URL-адреси, слики или текст од телефон со Android на таблет со Android или обратно.

Повеќе информации за Android 13 се достапни на официјалниот сајт на Google.

https://blog.google/products/android/android-13/