Пристигнаа 20.000 вакцини, донација од Хрватска

89

Министерството за здравство информира дека утрово во земјава пристигнаа 20.000 вакцини на AstraZeneca, кои се донација од Република Хрватска.

“Вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата. Ова е втора донација на вакцини AstraZeneca, од страна на хрватската Влада. На почетокот од месец јули донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман. Солидарноста и подадената пријателска рака во време на пандемијата е чин што целиот процес на борба против корона вирусот го прави поуспешен“, соопштија од ресорното министерство.

Министерот за здравство упати голема благодарност до хрватската Влада за солидарноста покажана во изминатиот период.

Фото: Facebook