Пристигнува Coca-Cola смартфон

110

Кока Кола, најпознатиот светски бренд за безалкохолни пијалоци кој го сакаат милиони ширум светот, очигледно планира да лансира паметен телефон во Индија за дополнително да го зајакне своето присуство во земјата.

Веќе некое време кружат гласини дека „Coca-Cola“ соработува со одредена компанија за производство на телефон кој ќе го носи името на познатиот бренд. Сега новите информации ги потврдуваат тие гласини.

„Свиркачот“ Мукул Шарма на Твитер објави дека телефонот со брендирање на „Coca-Cola“ ќе биде пуштен во продажба од овој квартал, а тоа и во Индија.

Не е познато која компанија е задолжена за создавање на телефонот, иако веб-страницата „91mobiles“ тврди дека уредот неодоливо потсетува на „Realme 10 4G“.