Пристигнува од Русија, а не е ни Москвич ни Лада

Автомобил што многумина на Запад би сакале да го поседуваат ќе чини 500.000 евра.

Неговото име е „Rossa LM GT“ и тоа е попатна верзија на автомобилот што треба да се трка во „GT2“ и „GT3“ натпревари. Се планира автомобилот да биде финализиран до 2024-та година, а првите примероци на патната верзија би почнале да се испорачуваат по 2026-та година.

Зад проектот стои рускиот тркачки возач Роман Русинов, кој се натпреваруваше на 24 часа Ле Ман. Неговата цел е да развие автомобил компатибилен со „GT2“ и „GT3“ регулативите, за да може самиот да учествува на натпревари. Во моментов, негов најголем ривал е моделот „Maserati MC12“.

Во дизајнот на автомобилот учествуваа дизајнерите на непостоечката компанија „Marussia“, за чии автомобили многу се зборуваше на Запад.

Агресивно скроен, „Rossa LM GT“ е двосед, а покрај тркачкиот волан, има и модерно дизајнирана внатрешност во која не недостасуваат елементи важни за удобност при возењето, како кај секој класичен „GT“.

Како што пренесува „Auto.ru“, почетната цена ќе биде околу 500.000 евра.

Фото: Facebook