Пристигнува првиот автомобил на педали, позната и цената (ФОТО)

144

Семејниот автомобил во „Flintstones“ стил, надграден за 21 век, промовира здрав начин на живот. Тука нема волан, а за вртење и возење потребно е малку да се навикнете.

Наликува на мала пластична играчка која има благородна цел да го измори вашиот хиперактивен наследник или наследничка. Децата ги обожаваат, а сега нешто слично доаѓа и за возрасните. Новиот автомобил се вика Twike 5 и оди во сериско производство.

Германскиот производител соодветно го нарекува овој концепт „Human Power Hybrid“. Со вртење на педалите, возачот и совозачот помагаат на батеријата што го придвижува електричниот мотор од 70 kW/95 КС. Колку побавно возите, толку поефективна е физичката вежба.

При 50 km/h, 10 до 20 проценти од погонската моќ може да дојде од мускулната сила. Има две батерии – 18 kWh и 36 kWh, кои овозможуваат опсег од 250 и 500 km.

Потрошувачката на ова возило треба да биде само 7,3 kWh/100 km, а е минимална поради скромната тежина (600 kg) и аеродинамичната каросерија. Максималната брзина е 190 km/h со голема батерија и 130 km/h со помала, пишува „HAK“.

Twike 5 нуди багажен простор од 300 литри. Се управува со два лоста кои ги држите во рака лево и десно. Ова возило ќе биде лансирано како мала серија од 500 примероци до крајот на годината.

Должината е само 332 см, а цената е од 39.900 до 49.900 евра.