Private Eyewear Collection – нова колекција очила од Том Форд

145

TF_PRIVATE_TOM-N-1-1170x660Американскиот моден дизајнер Том Форд, по повод својот 11-годишен јубилеј од создавањето на очила за сонце, претстави нова колекција наречена Private Eyewear Collection. Колекцијата се состои од 11 различни стилови на очила и оптички рамки, пишува Luxpresso.

Сите се уникатни на свој начин, а во нивната изработка вклучени се само најквалитетни материјали како рог од бафало и ултра лесен јапонски титаниум. Очилата се со специјални леќи коишто се затемнуваат и осветлуваат автоматски според светлосните услови.

За својата колекција дизајнерот вели дека е создадена според неговиот личен вкус и она што тој би го избрал да го носи. Токму затоа истата е наречена и Private Eyewear Collection.

FT0489-P_01C_OS_A-960x580FT5440-P_63N_OS_A-960x580TF_PRIVATE_TOM-N-770x435