Овој прекрасен имот што се простира на повеќе од 70 хектари се наоѓа во Барингтон хилс, Илиноис и чини 18.755 милиони долари. Во срцето на поседот се наоѓа вила стара 11 години, којашто изобилува со луксуз и стил во секој поглед.
Имотот е наречен Hidden Ponds Estate, а истиот во својата раскошност крие и неколку езерца.
Опремен е со неколку камини и англиски паб со вински подрум кој што е сместен на долното ниво.
Самата вила зафаќа површина од 3.000 m2, а главниот влез наликува на палата со своите бразилски подови. Истиот води до главната спална соба којашто е поим за луксуз и удобност.
Имотот има и свој водопад, спа центар со базен, спортска сала, приватна соба за масажа, хелиодром и уште многу погодности.