Приватниот сектор во еврозоната благо расте, Германија го движи закрепнувањето

Деловната активност на приватниот сектор во еврозоната го достигна највисокото ниво во последните седум месеци на крилата на огромниот пораст на германската потрошувачка.

Вредноста на композитниот индекс на менаџери за набавка (PMI) за март се зголеми благо од 50,2 поени во февруари на 50,4 поени, се вели во денешниот извештај на S&P Global.

Како што е наведено, вредноста на PMI во еврозоната е над границата од 50 поени трет пат по ред, што го одделува проширувањето, односно растот на економската активност, од контракцијата или падот на економската активност.