Приватните авиони на Елвис Присли на продажба

63

luksuz-fancy-avioni-elvis_02Неколку од приватните авиони кои беа во сопственост на кралот на рокенролот се ставени на продажба. Првиот авион, односно Лиза Мари, модел Convair 880 е купен во 1975 година од авиокомпанијата Delta Airlines по цена од 250.000 долари, а за Hound Dog II Елвис одвоил дури 900.000 долари.

Авионот кој го носи името на неговата ќерка Лиза Мари, помина низ низа реновирања, па така сега има нов тоалет со златни славини, конференциски простор, спална соба и звучен систем со дури 50 звучници.

Ова реновирање го чинело Кралот дополнителни  300.000 долари. На надворешниот дел на авионот обоен во црвена, сина и бела боја, се забележува натписот TCB, односно Taking Care of Business, што всушност беше и мотото на Елвис. Неговата поранешна жена Присила и глумецот Џорџ Хамилтон се двете личности кои последни го користеа овој авион, кога патуваа на погребот на популарниот пејач и глумец.

Авионите не се во исправна состојба за летање, но сепак новите сопственици ќе имаат можност да го купат и земјиштето каде што ќе биде изложно леталото и гордо да ја покажуват својата нова сопственост.

Според проценката на стручните лица авионот Лиза Мари може да достигне цена од 10 милиони долари, додека Hound Dog II се очекува да биде продаден за 15 милиони долари.

luksuz-fancy-avioni-elvis_01luksuz-fancy-avioni-elvis_04luksuz-fancy-avioni-elvis_05luksuz-fancy-avioni-elvis_06luksuz-fancy-avioni-elvis_07luksuz-fancy-avioni-elvis_09luksuz-fancy-avioni-elvis_11luksuz-fancy-avioni-elvis_99