Приведен претседателот на Хрватската стопанска комора

44

vidosevicПретседателот на Хрватската стопанска комора (ХГК), Надан Видошевиќ, утрово е приведен на информативен разговор, јавуваат хрватските медиуми. Вечерњи лист јавува дека утрово е спроведен и претрес на неговиот стан. Неофицијално, Видошевиќ се сомничи за злоупотреба на положбата и овластувањата.

Приведувањето на Видошевиќ се случува во екот на аферата за извлекување на милиони куни од ХГК. Според првите информации, обвинителството успеало да докаже дека на врвот на пирамидата за извлекување пари од Комората бил Видошевиќ, јавува ХРТ. Поради истата афера пред еден месец е уапсена неговата најблиска соработничка Зденка Петернел, како и Давор Комерички и Игор Премиловац. Петернел се сомничи дека со фиктивни фактури, со помош на двајцата осомничени, успеала да извлече 4,2 милиони евра.

Надан Видошевиќ на чело на ХГК доаѓа во 1995 година, на кое е и денес. Тој беше и претседател на Управата на Краш.