Привремена забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје

69

На четврти септември оваа година, до берзата е доставено Решение од Комисија за хартии од вредност со кое се изрекува привремена забрана за вршењето на сите услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје.

Оттука, од берзата известуваат дека членката Иново Брокер АД Скопје е суспендирана од тргување со хартии од вредност на Македонска берза АД Скопје во времетраење од седум дена, започнувајќи од денеска (07.09.2020 година).

Воедно, согласно Решението од КХВ, брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје ќе биде привремено исклучена од членство во периодот на траење на забраната.