Пробивање на „стаклениот таван“: Уделот на жени лидери во финансиите достигна 19 проценти

Уделот на жени на врвни позиции во глобалниот банкарски и финансиски сектор достигна рекордно ниво, објави Официјалниот форум на монетарни и финансиски институции (OMFIF).
Според Индексот за родова рамнотежа, жените сега држат 19 проценти од високите позиции во централните и комерцијалните банки, како и во владините и пензиските фондови, во споредба со 16 проценти претходната година.

Резултатите од истражувањето предупредуваат дека, и покрај напредокот, јазот меѓу мажите и жените е сè уште значаен, бидејќи вкупниот резултат на индексот е 44 од 100, додека уделот на жените на пошироки менаџерски позиции се зголеми на 33 проценти.

Нова ера во централните банки: Сè повеќе жени ги водат клучните монетарни институции

Најголемите случувања се забележани во централните банки, каде што се поголем број институции се предводени од жени, додека во овој поглед, државните инвестициски фондови исто така постигнаа видлив напредок.

Аналитичарите проценуваат дека, и покрај позитивниот тренд, темпото на промени останува бавно и дека може да потрае повеќе од две децении за да се постигне целосна родова рамнотежа.