Проблеми со хормони – кога да се посети лекар

322

promeni

Фото: Pixabay

Ова се неколку знаци што укажуваат на хормонален дисбаланс. Ако препознаете некои од нив, пожелно е да посетите лекар.

Промени во изгледот на косата

Доколку забележите дека косата расте на места каде претходно не растела сигурно нешто не е во ред. Промена може да се забележи во дебелината на врвот, истиот станува потенок.

Емотивни проблеми

Менувањето на расположението најчесто е предизвикано од хормоналниот дисбаланс. Промените во расположението доаѓаат и поминуваат без никаква посебна причина.

Постојано чувство на замор

Кога нивото на хормоните е ниско, чувството на замор е еден од најчестите симптоми. Ако без разлика на долгото спиење вие пак се чувствувате уморно појдете на лекар.

Нередовен циклус

Жените мора да посетат лекар ако патат од нередовен циклус. Без разлика дали доцни или е предвремен.

Неуреден метаболизам

Ако не губите на тежина, а внимавате на исхраната или пак ако нагло губите килограми без посебна диета не го оддолжувајте лекарскиот преглед.

Промени на кожата

Еден од најчестите и најпрепознатливите знаци за хормонален дисбаланс е осипот и црвенилото на прстите.

Потење во текот на ноќта

Ова е една од најлошите симптоми, но штом се регулираат хормините потењето ќе престане.