Проблемите со набавките ја закочија продажбата на Фолксваген

58

Германскиот автомобилски гигант Фолксваген (VW) продаде помалку возила во 2022 година бидејќи не можеше да ги набави потребните компоненти поради проблеми во глобалните синџири на снабдување.
Концернот со седиште во Волфсбург во четвртокот објави дека минатата година забележал глобална рецесија на продажбата од седум отсто, на 8,26 милиони возила. Единствениот регион со раст беше Азија-Пацификот со исклучок на Кина – кој пак е најважниот пазар за VW.

Сепак, бизнисот се стабилизираше во текот на годината, со олеснување на кризата со чипови и неодамнешното олеснување на пандемиските мерки во Кина. Така, глобалната продажба во декември е зголемена за 18,1 отсто – за речиси 23 отсто во Кина и речиси 18 отсто во Западна Европа.

Во исто време, VW значително ја подобри продажбата на електронски автомобили минатата година за 26 отсто, на 572.000 возила. Од нив, 6,9 отсто биле чисто електрични, 1,8 отсто повеќе отколку во 2021 година.