Проблемите со погоните на „Епл“ може да ја намалат испораката на „Ајфони“ и за 30 отсто

39

Проблемите на доставувачот на „Епл“ – „Фокскон“ (Foxconn) во кинескиот град Женгжоу, поврзани со ширење на коронавирусот меѓу вработените во фабриката, може да ја намалат испораката на „Ајфони“ во ноември и до 30 отсто, јавуваат американски медиуми.

Погонот „Фокскон“ ги склопува повеќето од памените телефони коишто се испорачуваат ширум светот, иако американскиот гигант има производни погони и во Шенжен во јужна Кина и во Индија. Фабриката во Женгжоу има околу 200.000 работници, а последниве денови таа е потресена од нивно незадоволство од строгите мерки против Ковид-19.

На 19 октомври, „Фокскон“ им забрани на работниците оброци во мензите и им наложи да јадат во собите за одмор. Притоа раководството негираше прекин во производството.

Од компанијата тврдат дека се воспоставува контрола врз состојбата и се координираат резервните производствени капацитети со други фабрики за да се минимизираат последиците.