Проблемите во поморскиот транспорт на стоки можат да влијаат врз целиот свет

32

Постојат големи проблеми во глобалниот транспорт на стоки и тие би можеле да влијаат на целиот свет.

Според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), 90 проценти од стоките во светот се транспортираат по морски пат, од кои 60 проценти се чуваат во контејнери за време на транспортот.

Недоволен број контејнери предизвика зголемување на цената на превозот и недостаток на стока. Аналитичарите тврдат дека првичната причина е пандемијата на коронавирусот.

Пандемијата резултираше со помалку пристанишни работници и промени во навиките за купување на луѓето. Сето ова придонесе голем број контејнери да стојат во пристаништата низ светот долго време.

Според Ројтерс, најверојатно овие проблеми ќе продолжат и следната година. Ројтерс се повикува н соопштението на една од компаниите што се занимава со поморски транспорт на стоки, данскиот Маерск, која превезува еден од пет контејнери во светот. Оваа компанија го стандардизира овој начин на транспорт во 1956 година, со што направи револуција во глобалната трговија.

Во текот на 80 -тите години, 102 милиони тони стока беа транспортирани во контејнери, а до 2017 година, 1,83 милијарди тони стока беа транспортирани. Се претпоставува дека споменатите проблеми ќе влијаат на целиот свет.