Procter & Gamble го купи стартапот Native Deodorant

5

mza-giftbox-final-1

Фото: Native

Procter & Gamble го купи американскиот старт – ап Native Deodorant за 100 милиони долари, пишува Tech Crunch.

Native, којшто е онлајн дистрибутер на дезодоранси, неодамна доби половина милион долари од инвестициската фирма Azure Capital Partners. Стартапот за прв пат се претстави на претприемачката сцена пред две години и шест месеци и благодарение на своите милиони купувачи успеа да го искористи профитот за да го реинвестира во раст.

P&G веќе го поседува популарниот бренд на дезодоранси Secret, но се надева дека Native ќе биде прв избор на клиентите со оглед на тоа дека неговите производи се на природна база.

Некои од добро познатите мириси на брендот се тиква, мед и цимет, односно ароми од природни состојки.