“Совршен” 100 каратен дијамант што беше пронајден во Јужна Африка се продаде за 22 милиони долари за само три минути.
Аукциската куќа Sotheby’s го процени истиот на 19-25 милиони долари, нарекувајќи го најголемиот совршен дијамант со класична смарагдна форма што некогаш се нашол на аукција.
Скапоценото парче беше ископано во рудникот De Beers, потоа совршено избрусено, полирано и доведувано до совршенство повеќе од една година и преставуваше “шлаг на тортата” помеѓу 370-те парчиња накит на аукцијата.
Победникот кој се наддавал преку телефон сака да остане анонимен.
Пред продажбата аукциската куќа го изложуваше дијамантот во Доха, Дубаи, Хонг Конг, Лондон и Њујорк, со цел да привлече што повеќе купувачи.
Од Sotheby’s велат дека само пет вакви слични дијаманти биле продадени на аукција, а најскапиот од нив достигна цена од 30,6 милиони во Хонг Конг пред две години.