На аукцијата што се одржа во аукциската куќа Christie’s во Хонг Конг, луксузна Hermes чанта од крокодилска кожа постави нов продажен рекорд од 222.912 долари.
Финалната цена беше 15% повеќе од она на што се надеваа од Christie’s.
Чантата чие целосно име е Hermès Shiny Fuchsia Porosus Crocodile Diamond Birkin 35, на себе има механизам на отворање и затворање од 18-каратното злато и дијаманти.
Таа е дел од серијата Birkin чанти кои го добиле името по британската актерка и пејачка Џејн Биркин. Нејзината широчина е 35, а височината изнесува 25 сантиметри.
Претходниот рекорд за најскапо продадена чанта на аукција го држеше друга Hermes Birkin чанта што достигна цена од 203.000 на аукција во САД одржана во 2011 година.