Продадена Birkin чанта за рекордни 222.912 долари

31

fuchsia-colored-Hermes-bag-600x414На аукцијата што се одржа во аукциската куќа Christie’s во Хонг Конг, луксузна Hermes чанта од крокодилска кожа постави нов продажен рекорд од 222.912 долари.

Финалната цена беше 15% повеќе од она на што се надеваа од Christie’s.

Чантата чие целосно име е Hermès Shiny Fuchsia Porosus Crocodile Diamond Birkin 35, на себе има механизам на отворање и затворање од 18-каратното злато и дијаманти.

Birking_Hong_Kong__3325189b

Таа е дел од серијата Birkin чанти кои го добиле името по британската актерка и пејачка Џејн Биркин. Нејзината широчина е 35, а височината изнесува 25 сантиметри.

Претходниот рекорд за најскапо продадена чанта на аукција го држеше друга Hermes Birkin чанта што достигна цена од 203.000 на аукција во САД одржана во 2011 година.