Продадена втората по големина словенечка банка

21

nkbm

Втората по големина словенечка банка Нова кредитна банка Марибор (НКБМ), е продадена на американскиот инвестициски фонд Apollo за 250 милиони евра, објавија во Љубљана претставници на фондот и Словенечкиот државен холдинг кој ја води приватизацијата на државниот имот, пишува Seebiz.

Со договорот, Apollo станува сопственик на 80% акции на НКБМ, а 20% презема Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

НКБМ минатата година по неколку години загуба и лоши кредити, забележа прва позитивна година со 35,9 милиони евра чиста добивка, со биланс од околу 3,6 милијарди евра.