Сите производители и увозници на храна од 1 јануари 2014 година ќе мора да имаат изготвено научна студија за своите производи доколку ги рекламираат како здрави или хранливи.
Како што велат во Агенцијата за храна и ветеринарство, студијата ќе ја одобрува посебна комисија.
Оваа обврската на компаниите доаѓа од Правилникот за нутритивни и здравствени тврдења во комерцијални цели при означување кој е согласно европската легислатива. Истиот ќе биде денес презентиран на работилница во Стопанската комора на Македонија.
Работилницата се организира во соработка со Асоцијацијата за здравство и Здружението за земјоделство при Стопанската комора. Пред претставниците на прехранбениот сектор ќе се обрати заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Абдулезел Догани.