Продажбата на автомобили во светот се намали за 6,3% во јули

39

Продажбата на нови лесни возила ширум светот се намали за 6,3% во текот на јули во споредба со истиот месец во 2020 година, според податоците на LMC Automotive, провајдер на глобални проценки за автомобилската индустрија, со седиште во Мичиген.

Според извештајот, во јули глобално се продадени околу 6,46 милиони автомобили, што е пад од над 6% во споредба со јули 2020 година, кога според индикаторите на оваа консултантска куќа, беа продадени речиси 6,89 милиони единици.

“Повеќето глобални брендови претрпеа пад во однос на минатата година поради проблеми со снабдувањето што произлегуваат од глобалниот недостаток на чипови, додека кинеските брендови како што се GAC Motors, Great Wall и Changan Automobile продолжија да функционираат добро“, велат аналитичарите.

Во извештајот се проценува дека забрзаното ширење на вирусот во Кина и заострувањето на рестриктивните мерки ќе претставуваат ризик за економската активност и продажба на нови возила.

Фото: Pixabay