Продажбата на електрични автомобили во Норвешка се зголеми за речиси 50 отсто минатата година

59

Продажбата на електрични автомобили во Норвешка се зголеми за 48 отсто минатата година, и речиси две од секои три продадени нови возила се автомобили на батерии, а најпродаваната марка е Tesla.

Со цел да стане првата земја во светот што ќе ја прекине продажбата на бензински и дизел автомобили до 2025 година, Норвешка, инаку голем производител на нафта, ги ослободи купувачите на електрични возила од данокот, кој важи за автомобилите со внатрешно согорување.

Теsla доби пазарен удел од 11,5 отсто на норвешкиот пазар на автомобили минатата година и стана бренд број еден во однос на продажбата за прв пат во цела година, туркајќи го германскиот Volkswagen со 9,4 отсто од уделот на пазарот, пренесува Ројтерс. Најпопуларен автомобил на годината во оваа нордиска земја беше Tesla Model 3, следен од хибридниот RAV4 на Toyota и електричниот модел ID.4 на Volkswagen, кој го зазеде третото место.