Продажбата на куќи во Америка е најслаба во последните 30 години

Продажбата на домови во Соединетите Држави минатата година падна на најниско ниво во последните 30 години, поради високите каматни стапки, зголемените цени и континуираниот низок број на домови на пазарот.

Националната асоцијација на агентите соопшти дека минатата година биле продадени вкупно 4,09 милиони домови, без оние во изградба, што е пад од 18,7 отсто во однос на 2022 година. Тоа е најслабата продажба на станови од 1995 година и најголемото намалување на годишно ниво во споредба со 2007 година.

Просечната цена на куќите на национално ниво во текот на минатата година се зголеми за нешто помалку од еден процент, на 389,8 илјади американски долари, што е рекордна цена, соопшти здружението.

Минатогодишниот пад на продажбата на станови беше проследен со пад од речиси 18 проценти што се случи во текот на 2022 година, кога стапките на хипотекарните кредити почнаа да растат, само за речиси двојно да се удвојат до крајот на таа година. Трендот продолжи и лани, поради што просечната каматна стапка за 30-годишен кредит за купување куќа до крајот на октомври изнесуваше 7,79 отсто, што е највисоко ниво од крајот на 2000 година, пренесува Независне новине.

Сепак, намалувањето на хипотекарните стапки на крајот на минатата година и прогнозите дека тие дополнително ќе се намалуваат оваа година, ја зголемуваат надежта дека продажбата ќе почне да закрепнува од минатогодишните лоши резултати.

Купувачите продолжуваат да се соочуваат со пазар кој ги фаворизира продавачите, поради недостигот на станови за продажба. Домовите продадени минатиот месец вообичаено се продаваат во рок од 29 дена од пуштањето на пазарот, а 56 отсто од куќите продадени во декември биле на пазарот помалку од еден месец, според Националната асоцијација на Брокерите.

Првпат купувачите на домови кои немаат капитал од постојниот имот за да го стават на аванс, имаат проблем да станат сопственици на куќи.

Само 29 отсто од сите продадени куќи минатиот месец биле купени од такви купувачи. Традиционално, 40 проценти од куќите и становите се продаваат годишно на први сопственици.