Продажбата на нови автомобили во Русија е зголемена за 52 отсто

23

Продажбата на нови автомобили во Русија во периодот од јануари до август е зголемена за 52 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Министерството за индустрија и трговија на таа земја.

Во првите осум месеци се продадени 1,17 милиони автомобили стари под три години, пренесува Мина.

Што се однесува до камионите, продажбата е намалена за десет отсто и изнесува 81,3 илјади возила, додека во сегментот автобуски продажбата е зголемена за 12 отсто на 13,6 илјади возила.

Пазарот на нови електрични возила од јануари до август пораснал за 86 отсто во однос на истиот период минатата година и изнесувал речиси 13,8 илјади, соопшти руското Министерство.

Само во август, продажбата на нови возила во сите сегменти е зголемена за 25 отсто на годишно ниво, на 170,5 илјади возила.