
Продажбата на нови патнички автомобили во Русија се намали за 28,3 проценти во мај во споредба со истиот период минатата година, објави денес аналитичката агенција Автостат.
Според овие податоци, во петтиот месец од оваа година во Русија се продадени 91.218 нови патнички автомобили, објави ТАСС.
Најпопуларна беше домашната марка автомобили „Лада“ со продадени 25.552 единици и најголем удел во вкупната продажба на крајот на мај од 28 проценти.











