
Продажбата на нови автомобили во премиум сегментот во Русија се зголеми во април за 13 проценти на годишно ниво и достигна 11.600 возила, објави руската аналитичка агенција Автостат.
Според податоците на агенцијата, премиум возилата моментално сочинуваат околу 10 проценти од вкупниот пазар на автомобили во Русија, објави ТАСС.
Најпродаван премиум бренд во текот на април беше кинескиот Voyah со продадени 1.700 автомобили, по што следуваа BMW со 1.500 и кинескиот Exeed со 1.430 возила.










