Продажбата на шампањ драстично опадна во првата половина од годината, бидејќи граѓаните трошеа помалку, а трговците складираа залихи, велат производителите, наложувајќи им на лозарите да соберат помалку грозје што се користи за овој вид вино.
На глобално ниво, производителите продале 106,7 милиони шишиња шампањ во периодот од јануари до јуни, што е за 15,2 отсто помалку од минатата година.
„Тмурната глобална геополитичка и економска ситуација, како и инфлацијата, тежат на личната потрошувачка“, рече претседателот на лобистичката асоцијација Шампањ Хаус, Дејвид Шатилон, во изјавата објавена од Здружението на производители на шампањ Комити, пренесува Мина.
Продаваат, како што додаде, акции и залихи кои трговците ги акумулирале во 2021 и 2022 година.
„Овогодинешната жетва во Шампањ беше оштетена од лошите временски услови, вклучувајќи мраз и влажност, кои го фаворизираа развојот на мувлата“, велат од здружението.
Затоа производителите утврдија максимален принос на грозје од десет илјади килограми по хектар, за 12,3 отсто помал од лани.
Шампањот, за разлика од другите вина, најчесто е комбинација од неколку берби. Залихите се обновуваат во добри години и може да се компензира за послаба жетва.
Мразот и мувлата му наштетија и на жетвата на шампањ во 2021 година, кога приносот беше за 25 отсто помал од петгодишниот просек и најмалото грозје собрано во последните 35 години.
Жетвата обично започнува околу 10 септември. Здружението на производители не објави прогноза за продажба и извоз за оваа година.