Продажни цени на индустриски производи во септември

49

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во септември оваа година, се пониски за 0,1% на месечно ниво и повисоки за 1,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во септември 2019, во споредба со август 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5%.

Во септември 2019, во споредба со септември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите: Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8%, Капитални производи за 1,4%, Енергија за 1,5% и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,7%.

Фото: Pixabay