Продажните цени на индустриските производи на странските пазари пораснаа за 0.2% во септември

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се зголемени за 0.2 % во септември 2025 година во однос на претходниот месец, објави Државниот завод за статистика.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во септември 2025 година, во однос на претходниот месец, се намалени во секторот Рударство и вадење камен за 0.7 %, а во секторот Преработувачка индустрија се зголемени за 0.2 %.

Во септември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен се зголемени за 1.5 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 4.1 %.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во септември 2025 година се зголемени:

  • за 0.2 % во однос на претходниот месец
  • за 3.9 % во однос на истиот месец од претходната година