Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки на месечно ниво за 0.5 %, а се пониски на годишно ниво за 1.5 %.

Во март 2024, во споредба со февруари 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.1 %, а се повисоки во секторот Преработувачка
индустрија за 0.3 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5.6 %, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината
остануваат непроменети.

Во март 2024, во споредба со март 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 8.4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 1.3 %, додека се повисоки во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.1 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 1.6 %.