Руско-македонската компанија Продис најави изградба на нова фабрика за хомеопатски препарати и козметика и градење или приспособување на постоечки објект за откуп, обработка и стерилизација на репроматеријали.
Вкупната инвестиција ќе чини околу 15 милиони евра. Седум милиони од нив ќе бидат наменети за изградба на фабриката, а осум милиони евра за објектот за откуп и обработка. Фабриката ќе се наоѓа на постоечката парцела во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик, а камен-темелникот ќе биде поставен во април следната година. Фабриката треба да биде готова до крајот на 2014 година, а планирано е да се вработат од 100 до 200 лица.
По повод една година од работењето, вчера во Градскиот трговски центар во Скопје беше отворена првата хомеопатска аптека на Продис.