Продолжен рокот за аплицирање на економски мерки во секторите туризам и угостителство

25

Министерството за економија ги известува заинтересираните апликанти дека рокот за аплицирање за објавените јавни повици од Четвртиот пакет економски мерки за справување со последиците од Ковид-19 кризата во секторите туризам и угостителство се продолжува до 04.12.2020 година.

Се продолжува рокот за аплицирање за следните јавни повици објавени на веб -страната на Министерството за економија на 16.11.2020 година:

1.Јавен повик за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти

2.Јавен повик за издавање на грантови за лиценцирани туристички агенции

  1. Јавен повик за издавање на грантови за лиценцирани туристички водичи
  2. Јавен повик за издавање на грантови за игротеки
  3. Јавен повик за издавање на грантови за ресторани за свадби

Аплицирањето за јавните повици е електронски на платформата “Дома си е дома“

Повеќе детали на следниот линк: http://www.economy.gov.mk/doc/2867

Фото: Freepik