Продолжен рокот за аплицирање за финансиска поддршка за центрите за странски јазици и едукативните центри

46

На барање на здруженијата на центри за странски јазици и на едукативните центри за деца, Владата на Република Северна Македонија одлучи да излезе пресрет и да го продолжи рокот за аплицирање за грантови за регистрирани компании во оваа дејност до 28-ми декември до 11:59 часот.

Потсетуваат дека центрите за странски јазици и едукативните центри за деца аплицирањето за грантови треба да го извршат со доставување на барање на електронската пошта: Cetvrt.Paket@gs.gov.mk, со што добиваат можност за еднократна финансиска помош, во вредност од 43.500 денари по вработен.

Во прилог на барањето за финансиска поддршка преку електронска пошта, правните субјекти треба да ги приложат следните документи:

·         тековна состојба (документ од Централен регистар не постар од 3 (три) месеци;

·         уверение за платени даноци и придонеси од УЈП не постаро од 3 (три) месеци и

·         список на вработени по даночен обврзник заверен од АВРСМ не постар од 15 (петнаесет) дена.

Повеќе податоци за јавните повици може да се добијат со клик на следните линкови:

Јавен повик за издавање на грантови за центри за странски јазици

Јавен повик за издавање на грантови за едукативни центри за деца