Продолжен рокот за пријавување за пред – акцелераторската програма за стартапи основани од жени

18

lap-top-telefon-i-beleski-pexels

Рокот за пријавување за пред – акцелераторската програма за стартапи основани од жени на ИМЕ програмата во партнерство со ЦЕЕД Хаб Скопје е продолжен до трети март.

Дванаесет неделната пред – акцелераторската програма, на старт – ап компаниите и бизнис идеите ќе им помогне во развој и усовршување на бизнис моделот, развивање и усовршување на презентација пред потенцијални инвеститори, работен простор, ментори, советници, многу настани, едукација, вмрежување и поддршка во развојот на производите или услугите. На крајот, учесничките ќе имаат демо ден, односно можност своите идеи да ги претстават пред инвеститори, бизнис ангели и инвестициски фондови.

Аплицирајте до 03.03.2017 година на следниот линк.

Програмата е наменета за жени и девојки со бизнис идеја или веќе основана компанија. Се спроведува во соработка со Националниот младински совет, Асоцијација на бизнис жени, Мултикултура и Една може.

Само избраните кандидати/ стартапи ќе бидат контактирани со повеќе детали за програмата.