Продолжени роковите за продажба на ОХИС и Еурокомпозит

21

ohisРокот за подигање и доставување тендерска документација за продажба на ОХИС и Еурокомпозит е продолжен поради локалните избори, кои треба да бидат одржани во март 2013 година.

Од Министерството за економија информираат дека крајниот рок за подигање на тендерската документација за јавните повици за продажба на АД ОХИС-Скопје и на 11 Октомври Еурокомпозит АД Прилеп е 16 април годинава, додека крајниот рок за доставување понуди за Еурокомпозит истекува на 18 април во 13 часот, а за ОХИС на 19 април во 13 часот.

Со оглед на наближувањето на датумот на објавување на Одлуката за распишување на локалните избори, продолжувањето на роковите по овие два јавни повика е согласно членот 11 ставот 3 од Законот за спречување на корупцијата кој гласи:

“Од денот на донесување на Одлуката за распишување на избори, па до завршувањето на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и на градот Скопје не може да се врши никаква вонредна исплата на плати, пензии, социјална помош или други исплати од буџетски средства или средства од јавните фондови, ниту да се отуѓува државен капитал”.