Продолжува бизнис караванот на Еуролинк

55

BAT_7537 copy

Повеќе од стотина сопственици и менаџери на мали и микро компании од Прилеп имаа можност да се запознаат со предностите на Бизнис комплет пакетот на Еуролинк, како и да разменат искуства и знаења.

Бизнис комплет пакетот нуди целосно осигурување за малите бизниси кои имаат деловни и продажни објекти, како колонијални продавници, мини маркети, аптеки, парфимерии, козметички салони и други.

‘‘Длабоко веруваме дека нашата поддршка им е повеќе од потребна на малите бизниси за да можат целосно да се фокусираат кон понатамошен раст и развој. Ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат на некој од наредните настани од Бизнис Комплет караванот“, рече Марија Томеска, претседател на управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Вчерашниот настан беше вториот од серијата настани од Бизнис Комплет караванот, којшто во текот на март и април ќе продолжи и во другите градови низ Македонија и тоа: Струмица, Битола и Штип.

Еуролинк останува посветен во развивање на нови и иновативни решенија за осигурување на бизнисите.