Продолжува мерката за ослободување од работа на еден родител на дете до 10 години

111

Согласно Заклучокот на Владата од 25-тата седница од 21 март 2020, дека сите заклучоци, мерки, насоки и препораки во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 важат до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба, сите вработени и работодавачи дека претходно обезбедените потврди издадени од градинките, основните училишта и центрите за социјална работа за корисниците на услугата дневен центар за деца/лица со попреченост, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години (или активно четврто одделение), продолжуваат да важат и по 24 март 2020 година, односно нивната важност се продолжува до завршување на вонредната состојба.

Истото се однесува и на вработените со хронични состојби и бремени жени, кои се опфатени со мерките.

Јавното здравје е заедничка одговорност, само заеднички можеме да се заштитиме, апелираме сите да ги почитуваат препораките.

Фото: Pixabay