Продолжува падот на цените на нафтата

110

Цените на нафтата во вторникот паднаа на меѓународните пазари на 82 долари под притисок на стравувањата дека американската централна банка би можела да продолжи со агресивно зголемување на каматните стапки, што ќе ја ограничи економската активност и побарувачката на нафта.

Утрово цените на нафтата продолжија да паѓаат и сега се тргуваат по цени од под 80 долари за барел. Нафтата Брент се тргува по цена од  78,84 долари за барел, додека американската ВТИ за 73,75 долари за барел.

Трговците  стравуваа дека американската централна банка може да продолжи со агресивно зголемување на каматните стапки за да ја ограничи инфлацијата бидејќи податоците за услужниот сектор сигнализираа силен раст на економската активност.