Продолжува падот на криптовалутите

65

Најпознатата криптовалута во светот – биткоин, забележа пад од скоро 4 % во последните 24 часа, па цената на дигиталната паричка падна под 38.000 долари. Во моментов се тргува со 37.600 долари.

Пазарната капитализација на биткоинот е 790 милијарди долари. Етереум, втората најпопуларна дигитална валута, падна за 4,25% и моментално се движи околу 2.330 долари.

И другите криптовалути исто така забележаа минус.
Биткоин забележа значителен пад вчера по седницата на американската централна банка, кога ФЕД објави зголемување на каматната стапка, со очекување поголема инфлација.

Фото: Pixabay