Продолжува падот на вредноста на криптовалутите – биткоинот под 42.000 долари

69

Остриот пад на вредноста на пазарот на криптовалути продолжи и денеска. Според веб-страницата “Коингеко”, пазарната капитализација утринава падна за уште 4 отсто и моментално изнесува 2,08 трилиони долари.

Биткоинот и утрово продолжи да ја губи вредноста. Тој падна за дополнителни 3,8 отсто во изминатите 24 часа, паѓајќи на 41.548 долари.

Етериумот исто така е намален за дури 7,9 отсто. Утрово на берзите се тргува по цена од 3.176 долари.